Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес Печатницата се издигна на високо ниво во Графичката индустрија. Денес Печатницата ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи по современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави, Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите. Располагаме со најсовремена технологија, ги следиме достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија. Нудиме целосна (full service) услуга во делот на: Подготовка [Prepress], Доработка [Postpress], Офсет Печат [Offset Printing], Безбедносен Печат [Security Printing], Флексибилна Амбалажа [Flexible Packaging]
Нашиот тим.
Пријателски настроени, високо квалификувани, мотивирани и посветени лица ќе сретнете во нашата компанија. Ние обрнуваме внимание на деталите и се стремиме кон совршенство. Континуирано инвестираме во нашите вработени, во подобрување на нивните вештини. Уживаме во она што го работиме, што се покажува во квалитетот на она што го произведуваме.
Нашето име.
Киро Димитровски Дандаро беше графички работник, вистински борец, родољуб и хуманист. Тој спаѓа меѓу плејадата борци кои го дадоа својот живот за слободата и развојот на својата земја. Денес тој претставува симбол за вработените во Печатницата и целиот колектив кон него ја изразува својата длабока почит.
Повеќе на линкот: http://www.kdandaro.com.mk/index.php






